Top Sport

Паѓа британскиот рекорд – Грилиш пред трансфер во Манчестер сити

Џек Грилиш е на чекор до трансфер во Манчестер сити, тврди „Скај спорт“. Сити за услугите на 25-годишниот фудбалер на Астон Вила им понудиле 100 милиони фунти (117 милиони евра).

Доколку „граѓаните“ го реализираат овој трансфер, ќе постават нов британски рекорд. Актуелен рекордер е Хари Магваер за чии услуги, Манчестер јунајтед издвоија 89 милиони фунти.

Според „Скај спорт“, Сити истата сума им ја понудиле на Тотенхем за Хари Кејн. Спарс ја одбиле оваа понуда.

Ако го донесат Грилиш, Сити ќе се откажат од Кејн.

Грилиш е играч на Астон Вила од 2012 година. За овој клуб настапил на 212 натпревари, постигнал 32 гола.

Scroll to Top