Top Sport

Лаутаро Мартинез по поразот од Јувентус бил на журка во ноќен клуб

Интер загуби од Јувентус со 2:0 во големото италијанско дерби во неделата, а напаѓачот Лаутаро Мартинез потоа отиде во еден познат милански ноќен клуб да го прослави роденденот на својата партнерка Агустина Гандолфо. Клубот е револтиран од таквото однесување и разгледуваше казна за Аргентинецот, оценувајќи дека неговото однесување е разочарувачко за соиграчите и непочитување кон тимот.

Сепак, на вчерашниот тренинг Лаутаро Мартинез разговарал со раководството на клубот и ја разјаснил ситуацијата, па сите се фокусирале на вечерашниот натпревар против Болоња.

Интер се наоѓа на осмото место во Серија А. Иако е на само три бода од третопласираниот Лацио, зад лидерот Наполи веќе заостанува 14 бода.

Scroll to Top