Top Sport

Лаутаро нема намера да го напушти Интер

Фудбалерот на Интер Лаутаро Мартинез нема намера да го напушти клубот, изјави менаџерот на аргентинскиот репрезентативец Алехандро Камано.

Интер е прв на табелата во Серија А со 18 бодови, ист број на бодови има и второпласираниот Милан. Мартинез е прв на листата на стрелци во Серија А со девет гола

„Лаутаро е среќен, сака да биде дел од проектот на Интер, кој е навистина амбициозен. Тој има одличен однос со соиграчите и со сите луѓе во клубот. На крајот на краиштата, тој е долгорочен проект на еден од најдобрите клубови во Европа и тој е среќен во приватниот живот, заедно со семејството“ изјави Камано.

Мартинез (28) е член на Интер од 2018 година, а има договор со клубот до 30 јуни 2026 година. За Интер одигра 245 натпревари и постигна 112 гола.

Scroll to Top