Top Sport

„Луис Енрике е виновен за дебаклот на ПСЖ во Њукасл“

Во дербито од групата Ф, вчеравечер во Лигата на шампионите, Њукасл jунајтед го декласираше ПСЖ со 4:1. По натпреварот, француските медиуми жестоко го критикуваа Луис Енрике и неговите играчи.

Тренерот на ПСЖ е означен како главен виновник за дебаклот, бидејќи на „Сент Џејмс Парк“, испрати тим со четворица напаѓачи (Мбапе, Дембеле, Гонсало Рамос и Коло Муани), што француските медиуми го нарекоа храбар потег, но и грешка која Енрике не се обиде да ја поправи откако виде дека работите на теренот не функционираат според неговите замисли.

„Зошто игравме во таков систем? Јас сум тренер и јас одлучувам. Не го заслуживме овој резултат, а целта ни е да се пласираме во осминафиналето. Групата е тешка, ние сме свесни за тоа, но и понатаму сме втори. Последните натпревари ќе бидат забавни“, рече Енрике по мечот, а потоа уште еднаш го коментираше системот 4-2-4.

„Мислев дека е најдобро за овој тим и се уште мислам така. Резултатот? Неправедно, но тоа е фудбалот. Честитки за Њукасл, но овој резултат е сепак претеран“.

Foto/ EPA

Scroll to Top