Top Sport

Лаутаро нема намера да го напушти Интер

Напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез се огласи на својот Инстаграм профил и потврди дека нема да го напушти клубот ова лето.

„Нова сезона, заедно“, напиша Аргентинецот на „Инстаграм“.

Мартинез го продолжи договорот со италијанскиот клуб во октомври минатата година, но медиумите шпекулираа дека Интер би прифатиле добра понуда, сума од 80 и повеќе милиони евра.

Аргентинскиот напаѓач минатата сезона одигра 48 натпревари во Интер и постигна 25 голови. Од доаѓањето во италијанскиот клуб во 2018 година, тој забележа 133 настапи, а 58 пати ја затресе противничката мрежа.

Во новата сезона Мартинез ќе го обнови партнерството во нападот со Ромелу Лукаку. Тандемот Лу-Ла, во сезоната 2020/2021 го предводеше Интер до шампионската титула.

Scroll to Top