Top Sport

Џоу: Ореолот ми го спаси животот

Возачот на Алфа Ромео, Гуању Џоу, им се заблагодари на одговорните луѓе во Формула 1 и Светската автомобилска организација (ФИА) за нивните континуирани напори за подобрување на безбедноста, откако ореолот му го спаси животот кога неговиот болид се преврте на почетокот на вчерашната трака за Големата награда на Британија.

Инцидентот настана од првичниот контакт помеѓу Пјер Гасли во Алфа Таури и Џорџ Расел во Мерцедес – Британецот изгубил контрола и го удрил Џоу, кој се преврте и со голема брзина помина низ песочната бариера, а потоа билодот летна преку бариерите и конечно застана заглавен. пред оградата.

Трката беше прекината многу брзо – Алекс Албон, Себастијан Фетел, Јуки Цунода и Естебан Окон се обидоа да ги избегнат актерите од првата несреќа и ги оштетија нивните болиди, додека возачот на Вилијамс заедно со Џоу завршија во медицинскиот центар во тркачкиот комплекс. За среќа, двајцата возачи се неповредени.

„Тоа беше страшна несреќа, мило ми е што сум добро. Маршалите и медицинскиот тим на патеката беа извонредни, брзо ми помогнаа. Благодарен сум и на ФИА и на Формула 1 за сите нивни напори да ја подобрат безбедноста – ореолот ми го спаси животот и ги покажува вистинските резултати од напорите за подобрување на болидите“, рече кинескиот возач, додавајќи:

„Поподготвен сум од кога и да е да се вратам на патеката и да го работам она што го сакам – подготвен сум и со нетрпение очекувам да се тркам во Австрија следниот викенд.

Џоу досега има освоено пет бода во шампионатот и се наоѓа на 16.место во поредокот кај возачите.

Сезоната во Формула 1 продолжува веќе на 8.јули, со трката за ГН на Австрија во формат на спринт на патеката Ред Бул ринг.

Scroll to Top