Лаутаро Мартинез го врати Интер на делба на првата позиција во Серија А. Аргентинецот го предводеше Интер до шестата победа во седмиот натпревар сезонава. Ги постигна головите во триумфот на Интер кај Салернитана со 4:0 (0:0).
За првиот покер голови во кариерата на Лаутаро Мартинез му беа потребни 27.минути во последната третина од натпреварот. Аргентинецот натпреварот го почна како резерва, на теренот влезе во 54.минута и го започна своето шоу.
Првиот гол го постигна во 62. минута на асистенција на Тирам, а потоа го удвои водството во 77. минута кога Барела му ја додаде топката.
Тој постигна хет-трик во 85. минута кога реализираше пенал, за конечните 4:0 да ги постави во 89. минута кога му асистираше Карлос Аугусто.