Top Sport

Лажна страница на „Википедија“ му донесе професионален договор

Литванскиот второлигаш, ФК Паневежис во зимскиот преоден рок се засили со анголскиот напаѓач Баркли Мигуел-Панзо, пред локалните новинари да дознаат дека тој ги импресионирал со својата лажна страница на „Википедија“.

Паневежис објави дека потпишале договор со „поранешниот напаѓач на Квинс Парк Ренџерс“, кој наводно постигнал 45 гола во 36 натпревариод 2010 до 2012 година. Овие податоци биле извадени од страницата на онлајн енциклопедијата „Википедија“, каде што исто така се тврдеше дека тој играл во повеќе француски второлигаши пред да постигне 6 гола во 21 настапи за Орлеан во втората лига – што е делумна вистина, бидејќи тој играл за резервниот тим на Орлеан.

На поверодостојниот веб-сајт „Трансфермаркт“ јасно стои дека Панзо има англиско искуство – играјќи во Вокинг (во 2012), по што двапати бил во шведската трета лига со Сирианска и Оскарсхамн.

Паневежис исто така тврдеа дека Панзо имал три настапи за Ангола во квалификациите на Купот на африкански нации, што исто така не е вистина.

Scroll to Top