Наполи со 2:0 ја совлада Риека во меч од четвртото коло во Лига Европа, за да се пробијат на првото место во својата група во еден емотивен меч по смртта на легендата на клубот и на светскиот фудбал, Диего Марадона.
Уште пред да започне мечот, беше јасно дека нема да биде вообичаен меч од пониската европска лига, откако илјадници фанови се собраа пред стадионот „Сан Паоло“ (кој набргу ќе го добие името на Марадона) и со факли му оддадоа огнена почит на „Ел пибе дел оро“. Потоа, стартерите на Наполи, меѓу кои и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на стартот го носеа дресот со број 10 во честа на Марадона оддавајќи му минута почит.
На теренот, Наполи дојде во водство во 41. минута со автоголот на Анастасио, додека Ирвинг „Чаки“Лозано во 75. минута со одлична реакција ги постави конечните 2:0. Наполи сега има 9 поени во групата, додека Реал Сосиедад и АЗ Алкмар се на 7 на две кола пред крајот.
Сигурно победи остварија и фаворитите – Рома со 2:0 славеше на гости кај ЦФР Клуж, додека Тотенхем дома со 4:0 го растури Лудогорец.
ЛИГА ЕВРОПА, 4.КОЛО
ГРУПА А
ЦФР Клуж – Рома 0:2
ГРУПА Б
Дандалк – Рапид Виена 1:3
ГРУПА Ц
Баер Леверкузен – Хапоел Бер Шева 4:1
Ница – Славија Прага 1:3
ГРУПА Д
Ренџерс – Бенфика 2:2
Стандард Лиеж – Лех Познањ 2:1
ГРУПА Е
Гранада – Омонија 2:1
ПСВ Ајндховен – ПАОК 3:2
ГРУПА Ф
АЗ Алкмар – Реал Сосиедад 0:0
Наполи – Риека 2:0
ГРУПА Ј
Тотенхем – Лудогорец 4:0
НАПОЛИ – РИЕКА
ТОТЕНХЕМ – ЛУДОГОРЕЦ
КЛУЖ – РОМА
РЕНЏЕРС – БЕНФИКА