Top Sport

ЛЕ: Гарначо стрелаше за Јунајтед, Трабзонспор го победи Ференцварош, Монако убедлив

Манчестер Јунајтед го победи Реал Сосиедад со 0:1 на „Сан Себастијан“ со голот на Алехандро Гарначо, но сепак шпанскиот тим поради подобра гол-разлика, за само еден гол, го освои првото место во групата Е од Лига Европа.

Трабзонспор го совлада Ференцварош со 1:0, со голот на Анастиос Бакасетас во седмата минута. Енис Барди настапи во вториот дел, а турскиот тим продолжува во Конференциската лига на УЕФА.

Феенорд го победи Лацио со 1:0 и се протна во Лига Европа, а италијанскиот тим ќе оди во Конференциската лига на УЕФА. Стрелец на единствениот гол беше Сантијаго Хименез.

Монако беше убедлив против Црвена Звезда и славеше со 4:1. Кевин Фоланд постигна хет-трик, а Милан Родиќ постигна автогол. За Црвена Звезда погоди Гелор Канга погоди од пенал.

Scroll to Top