Top Sport

Карлос Тевез не се докажа во Росарио

Поранешниот аргентински напаѓач, а сега тренер Карлос Тевез, нема да остане на клупата на Росарио Централ во следната сезона.

Како што пренесуваат медиумите во Аргентина, клубот наскоро тоа ќе го објави и официјално и ќе бара ново решение. Младиот тим од Росарио одигра променлива сезона по доаѓањето на Карлос Тевез, кој го предводеше на 24 натпревари. Имаше ефект од шест победи, десет ремија и осум порази.

Тимот беше многу млад, а клубот веќе го продаде младиот напаѓач Буонаноте на премиерлигашот Брајтон за 11 милиони евра.

Scroll to Top