Top Sport

ЛЕ: Милан се враќаше од „мртвите“, голот на Тричковски недоволен за АЕК (видео)

Патрик Кутроне и Гонзало Игуаин постигнаа три гола за неполни 10 минути за Милан да избегне драматичен пораз од Олимпијакос во второто коло на Лига Европа на „Сан Сиро“, додека Иван Тричковски се врати на головите за АЕК Ларнака, но кипарскиот тим загуби со 4:2 од Баер Леверкузен.

Гостите од Грција поведоа уште во 14. минута од мечот преку Мигуел Гереро, и тој резултат беше актуелен до 70. минута, кога Кутроне израмни, за само шест минути подоцна Игуаин да ги донесе „росонерите“ во водство. Кутроне го постигна вториот гол во 79. минута за важна втора победа во ЛЕ, откако во првото коло се намачија за 1:0 победа над Дуделанж.

Иван Тричковски ги донесе АЕК Ларнака во водство во 25. минута на „Бајарената“, но Леверкузен со головите на Хаверц и Аларио успеа да стигне до 4:2 победа.

Динамо Загреб пак, продолжи со фантастичната игра во Лига Европа, откако по првиот убедлив триумф над Фенербахче, ги совладаа и Андерлехт на гости со 2:0. Фенер, за кои нашиот Елиф Елмас одигра цел натпревар се вратија со 2:0 победа над словачкиот Спартак Трнава.

ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО

ГРУПА А

Баер Леверкузен – АЕК Ларнака 4:2

Цирих – Лудогорец 1:0

ГРУПА Б

Розенборг – РБ Лајпциг 0:3

Салцбург – Селтик 3:1

ГРУПА Ц

Бордо – Копенхаген 1:2

Зенит Санкт Петербург – Славија Прага 1:0

ГРУПА Д

Андерлехт – Динамо Загреб 0:2

Фенербахче – Спартак Трнава 2:0

ГРУПА Ф

Милан – Олимпијакос 3:1

Реал Бетис – Дуделанж 3:0

ГРУПА Е

Карабаг – Арсенал 0:3

Ворксла – Спортинг Лисабон 1:2

ГРУПА К

Астана – Рен 2:0

Scroll to Top