Реал Мадрид биле подготвени да платата рекордна сума за Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, тврди „Ле Парисиен“.
Според овој извор „кралскиот клуб“ би издвоиле неверојатни 400 милиони евра за трансферот на 20 годишниот напаѓач.
Засега рекорден трансфер го направи Нејмар кога од Барселона во ПСЖ се пресели за 222 милиони евра.
Мбапе има договор со ПСЖ до јуни 2020 година. ПСЖ подготвиле нов договор за него, со годишна плата од близу 37 милиони евра, но според медиумите тој немал намера да остане во Париз.
Доколку Мбапе одбие да го продолжи договорот, тогаш ПСЖ ќе мора да го продадат наредното лето за да можат да заработат од неговиот трансфер.