Top Sport

ЛЕ: Партизан и Лудогорец во баражот, Хајдук елиминиран во 93. минута (видео)

Хајдук прими гол во 93. минута во Букурешт за 2:1 пораз од ФСЦБ (поранешна Стеауа) и елиминација во третото квалификациско коло од Лига Европа.

Првиот меч во Хрватска заврши 0:0, и ФЦСБ дојде во водство со гол од пенал во 58. минута, резултат кој ги водеше нив во баражот, меѓутоа напаѓачот на Гана, Ахмед Саид постигна гол во 82. минута за 1:1. Кога сплиќани се видоа во баражот, Еди Гноере го постигна својот втор гол на мечот за победа на ФЦСБ.

Партизан не дозволи норвешкиот Нордсјеланд да направи изненадување и со 3:2 победа е на еден двомеч до пласманот во Лига Европа, но на „црно -белите“ воопшто нема да им биде лесно бидејќи противник им е турскиот Бешикташ.

Бугарскиот шампион Лудогорец исто така е во баражот, откако на гостувањето кај Зрињски во Мостар одигра 1:1 по првичната победа од 1:0 во Разград.

Вистинска сензација направи тимот на Ф91 Дуделанж од Луксембург, кој одигра интересно реми 2:2 со славната Легија Варшава и ја елиминираше по 2:1 победата во Полска. За историски прв пласман во некое европско натпреварување по групи на тим од Луксембург, Дуделанж ќе се бори со романскиот ЦФР Клуж.

ЛИГА ЕВРОПА, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, 2.МЕЧ

Аталанта (Ита) – Хапоел Хаифа (Изр) 2:0, прв натпревар 4:1, вкупно 6:1

Базел (Шва) – Витесе (Хол) 1:0, прв натпревар 1:0, вкупно 2:0

Брондби (Дан) – Спартак Суботица (Срб) 2:1, прв натпревар 2:0, вкупно 4:1

Дуделанж (Лук) – Легија Варшава (Пол) 2:2, прв натпревар 2:1, вкупно 4:3

Зрињски (БиХ) – Лудогорец (Буг) 1:1, прв натпревар 0:1, вкупно 1:2

Лех Познањ (Пол) – Генк (Бел) 1:2, прв натпревар 0:2, вкупно 1:4

Марибор (Сло) – Ренџерс (Шко) 0:0, прв натпревар 1:3, вкупно 1:3

ФЦСБ (Ром) – Хајдук Сплит (Хрв) 2:1, прв натпревар 0:0, вкупно 2:1

Феенорд (Хол) – Тренчин (Свк) 1:1, прв натпревар 0:4, вкупно 1:5

Гент (Бел) – Јагиелонија (Пол) 2:1, прв натпревар 1:0, вкупно 3:1

Партизан (Срб) – Нордсјеланд (Дан) 3:2, прв натпревар 2:1, вкупно 5:1

Рапид Виена (Авт) – Слован Братислава (Свк) 4:0, прв натпревар 1:2, вкупно 5:2



Scroll to Top