Top Sport

Романија „падна“, Македонија во полуфинале ќе брка А-дивизија

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија успеа да избори големо полуфинале на У-16 Европското првенство Б-дивизија со тесна 74:71 (25:18, 17:15, 10:15, 22:23) победа над Романија во Сараево, и сега ќе го брка едно од трите места кои водат во А-дивизијата и тоа против домаќинот.

Македонија беше во водство речиси цел меч, а момците посебно импресионираа во првите две четвртини за на полувреме да отидат со предност од 42:33. Меѓутоа, концентрацијата падна во второто полувреме, во кое Романците успеаја да се доближат резултатски, за на крајот сепак, да се стигне до голема победа.

Противник на кадетите во полуфиналето ќе биде репрезентацијата на домаќините, Босна и Херцеговина, која со 86:59 го декласираше Исланд. Во второто полуфинале ќе играат Чешката Репбулика, која со 104:85 ја победи Полска, и Русија, која со 78:70 беше подобра од Велика Британија.

Scroll to Top