Top Sport

ЛЕ: Партизан избори групна фаза во Лига Европа, ПАОК испадна од Слован! (видео)

Србија покрај настапите на Црвена звезда во Лигата на шампиони, ќе има уште еден претставник во европските натпреварувања по групи, откако Партизан успеа да изддржи за 1:1 реми на гости кај Молде во Норвешка.

Главните фаворити немаа проблеми – ПСВ Ајндховен со 4:0 го победи Аполон на гости, Селтик со 4:1 го победи АИК Стокхолм, а Еспањол одигра 2:2 во Украина кај Зорја, и трите клубови влегуваат во групната фаза.

Најдраматично беше во Солун, каде што ПАОК успеа со 3:2 да го победи словачкиот Слован Братислава, но не оди понатаму откако Слован имаше предност од 1:0 од првиот натпревар.

ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ, 2.НАТПРЕВАР

Карабаг – Линфилд 2:1, прв натпревар 2:3, вкупно 4:4, Карабаг има повеќе постигнато голови во гости

Рига – Копенхаген 1:0, прв натпревар 1:3, вкупно 1:4

АИК Стокхолм – Селтик 1:4, прв натпревар 0:2, вкупно 1:5

Аполон – ПСВ Ајндховен 0:4, прв натпревар 0:3, вкупно 0:6

БАТЕ Борисов – Астана 2:0, прв натпревар 0:3, вкупно 2:3

Бнеи Јехуда – Малме 0:1, прв натпревар 0:3, вкупно 0:4

Молде – Партизан 1:1, прв натпревар 1:2, вкупно 2:3

ПАОК – Слован Братислава 3:2, прв натпревар 0:1, вкупно 3:3, Слован има повеќе постигнато голови во гости

Зорја – Еспањол 2:2, прв натпревар 1:3, вкупно 3:5

Scroll to Top