Top Sport

ЛЕ: Партизан со голема победа кај Астана (видео)

Српскиот вице-шампион, Партизан стигна до својата прва победа во Лига Европа, откако на гостувањето кај Астана триумфираше со 2:1 за да го преземе првото место во групата Л, барем до завршувањето на мечот помеѓу АЗ Алкмар и Манчестер јунајтед.

Човек на одлука беше Умар Садик, кој во 29. и 73. минута од мечот го совлада голманот на Астана, Ненад Ериќ, а интересно Садик уште двапати ја затресе мрежата, но головите беа поништувани поради офсајд. Астана успеа да намали во 85. минута со голот на Исланѓанецот Сигурјонсон.



Scroll to Top