Top Sport

Таткото на Хабиб најави: Ако сака Мекгрегор, Москва го чека во 2020!

Конор Мекгрегор неколку пати побара Хабиб Нурмагомедов да му даде ри-меч за понижувачкиот пораз во четири рунди минатиот октомври, но Дагестанецот постојано го одбиваше. Но, сега, неговиот татко и тренер, Абдулманап Нурмагомедов вели дека таков меч може да се случи во Русија следната година.

„Ако Мекгрегор го сака тоа, тогаш Москва го чека. Тој еднаш кажа дека има повеќе фанови тука од Хабиб. Затоа сакаме да го пречекаме во Москва, тука е добредојден. Ние чекаме“, изјави Абдулманап Нурмагомедов.

Пресметката на Хабиб и Мекгрегор на УФЦ 229 во Лас Вегас покрај случувањата во рингот беше одбележана со хаосот кој се случи по крајот на дуелот, кога Хабиб ја прескокна оградата и го нападна колегата на Мекгрегор, Дилон Денис, предизвикувајќи општа тепачка за која двајцата беа казнети.

Нурмагомедов потоа имаше уште еден меч, победувајќи го Американецот Дастин Поаире во три рунди на УФЦ 242 во Абу Даби. Адулманап, сепак, вели дека Ирецот ќе почека за меч, бидејќи прв е поранешниот шампион во средна категорија, Тони Фергусон во март следната година.

„Прво Мекгрегор ќе почека да ја завршиме работата со Фергусон. Тој има 28 меча и низа од 12 победи во УФЦ, така што ’Медисон сквер гарден’ е совршено за пресметка со него“, вели Абдулманап.

Scroll to Top