Стенио Жуниор постигна гол во 74. минута за македонскиот шампион Шкендија да ги задржи шансите за пласман во групната фаза на Лига Европа по 3:1 поразот на гостувањето кај Розенборг во Норвешка.
Шкендија имаше катастрофален старт на мечот, откако прво Џебали во 11. минута, а потоа Бендтнер само четири минути подоцна ги искористија лошите реакции на голманот Захов, а Леви во 44. минута донесе високи 3:0 предност за норвешкиот шампион. Сепак, со голот на Жуниор останува каква-таква надеж дека во реваншот ќе може да се надополни оваа предност на Норвежаните, која беше воглавном незаслужена.
Во другите мечеви од баражот, Партизан одигра 1:1 со турскиот гигант Бешикташ во Белград, Олимпија во Љубљана доживеа шокантен 0:2 пораз од Трнава, додека Ренџерс со 1:0 го совладаа рускиот Уфа.
Фото: ЕПА
ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ, ПРВ НАТПРЕВАР
Генк (Бел) – Брондби (Дан) 5:2
Олимпија Љубљана (Сло) – Трнава (Свк) 0:2
Партизан (Срб) – Бешикташ (Тур) 1:1
Рапид Виена (Авт) – ФЦСБ (Ром) 3:1
Зорја (Укр) – РБ Лајпциг (Гер) 0:0
Гент (Бел) – Бордо (Фра) 0:0
Ренџерс (Шко) – Уфа (Рус) 1:0
Розенборг (Нор) – Шкендија (Мкд) 3:1