Деби-настапот во Европа на Академија Пандев не помина најдобро, откако струмичкиот клуб доживеа висок 0:3 пораз дома од босанскохерцеговскиот претставник Зрињски од Мостар, со што шансите за пласман во второто квалификациско коло во Лига Европа се теоретски.
Зрињски ја презеде контролата на мечот уште на стартот на мечот, кога во 12. минута, Ирфан Хаџиќ беше највисок во скокот по убаво нафрлената топка која голманот Душан Чубраковиќ не можеше да ја фати.
Во 28. минута Станиша Мандиќ по брзиот контра-напад донесе водство од 0:2, по кое темпото на игра, нормално, падна. Убедивиот пораз го комплетираше Миљан Говедарица со лесен гол во 55. минута од мечот.
Фото: скриншот
Gol za Zrinjski Irfana Hadžića pic.twitter.com/VkBkPwt8GS
— SportSport.ba (@sportsport) July 11, 2019
Mandić za 0:2 pic.twitter.com/gb1GyOR4xV
— SportSport.ba (@sportsport) July 11, 2019
Miljan Govedarica za 0:3 pic.twitter.com/uwS1HHPAXm
— SportSport.ba (@sportsport) July 11, 2019
ЛЕ: Шкупи имаше водство од 3:1, но на крајот само со реми со Пјуник! (видео)