Рафаел Леао ги одбил понудите на Челзи и Реал Мадрид, тој сака да ја продолжи соработката со Милан, пренесува „Газета дело Спорт“
Леао има договор со Милан до 30 јуни 2024 година. Италијанските медиуми пренесуваат дека менаџерот на играчот, Жорге Мендеш разговарал со претставниците на Челзи и Реал Мадрид и им рекол дека португалскиот репрезентативец не сака да остане на „Сан Сиро“.
Мендеш најави дека ќе продолжи со преговорите со челниците на се уште актуелниот италијански шампион околу продолжување на соработката со Леао.
„Газета дело Спорт“, пренесува дека раководството на Милан планира да ја зголеми платата на Португалецот на седум милиони евра по сезона.
Сепак, двете страни се уште не се договориле за исплата на долгот на Спортинг кој изнесува 20 милиони евра. Леао еднострано го раскина договорот со Спортинг во 2018 година и се пресели во Лил. Судот пресуди во корист на Спортинг и му наложи на Леао да му испати на поранешниот клуб 20 милиони евра.
Мендеш очекува Милан да го плати тој долг, но челниците на „росонерите“ не сакаат да го направат тоа, туку планираат да се договорат со португалскиот фудбалер и Спортинг.
Леао (23) започна во академијата на Спортинг, а во 2018 година го напушти клубот од Лисабон и се пресели во Лил. Во францускиот клуб помина една сезона, а потоа премина во Милан. Португалецот оваа сезона одигра 41 натпревар за Милан и постигна 13 голови.