Top Sport

Леао: Мбапе и така навива за Милан, нека дојде кај нас

Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао на шега му порача на Килијан Мбапе да го напушти Пари Сен-Жермен и да дојде на „Сан Сиро“ да заигра за клубот за кој навива.

На ФИФА Бест церемонијата во февруари во Париз, Мбапе откри дека ако некогаш заигра во Серија А, би сакал тоа да биде за Милан, неговиот омилен клуб во Италија. Леао, пак, изјави дека најмногу го цени Мбапе, оценувајќи го како најдобар фудбалер на денешницата.

„Мбапе треба да дојде во Милан. И така веќе е фан ‘росонерите’“, вели Леао одговарајќи на навивачите на Милан на социјалните мрежи.

24-годишниот Мбапе има уште две години од договорот со ПСЖ, но најверојатно ќе заврши во Реал Мадрид ако си замине од „Паркот на принцовите“.

Scroll to Top