Top Sport

Леао потпиша петгодишен договор со Милан

Португалецот Рафаел Леао и во однина ќе го носи дресот на Милан. Леао ги одбил понудите на неколку европски великани и решил да потпише нов петгодишен со клубот.

Рафаел Леао остана во Милан, бидејќи клубот решил да му плати на Спортинг Лисабон 19 милиони евра. Судот му наложи на Леао да ја плати оваа сума бидејќи незаконски го раскинал договорот со Спортинг.

Милан за неговиот трансфер од Лил, во 2019 година, издвои 35 милиони евра.

Португалецот ќе заработува пет милиони евра, што е значително зголемување на платата. Исто така во неговиот договор откупната клаузула изнесува 175 милиони евра.

Леао оваа сезона одигра 44 натпревари на кои постигна 13 гола и забележа 13 асистенции. Вкупно за Милан постигна 40 гола и запиша 34 асистенции на 159 натпревари.

Scroll to Top