Top Sport

Дурент: Јокиќ е еден од најдобрите во историјата

Кевин Дурент еден од најдобрите играчи во НБА лигата, по елиминацијата на Феникс од Денвер, во суперлативи зборуваше за најдобриот играч на Нагетс, Никола Јокиќ.

Денвер Нагетс ги победија Феникс Санс во шест натпревари во полуфиналната серија на Западната конференција.

Во оваа полуфинална серија Јокиќ имаше просек од 34,5 поени, 13,2 скока и 10,3 асистенции, а имаше и по една блокада и една украдена топка.

„Отсекогаш сум го почитувал. Отсекогаш знаев дека е неверојатен играч. Не бев изненаден што тие играчи се добри, особено некој како Јокиќ. Го гледав, играв против него порано од како го достигна својот врв како играч. Не можам да кажам дека научив нешто ново за него. Тие се одличен тим, имаат длабочина, многу играчи кои играат добро заедно, имаат одличен континуитет. тие се заедно долго време… Колку години е Мајк Мелоун таму? Шест години?! Тоа е огромна предност што ја имаат.. Не, воопшто не сум изненаден. Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња. Тој ќе влезе во историјата како еден од најдобрите центри што некогаш ја допреле топката“, рече Дурант на прес-конференцијата.

Scroll to Top