Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао вели дека му ласка што го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид, но објаснува дека уште помило му е што во Милан сметаат дека е „недопирлив“ и сака успеси со италијанскиот клуб.
22-годишниот Леао имаше 11 гола за да помогне „росонерите“ да стигнат до првата титула по 11 години и е дел од младиот тим кој го состави Милан со помош на спортскиот директор Паоло Малдини.
„Јас сум во Милан, имам уште две години од договорот и се чувстувам како дома таму. Среќен сум што слушнав дека Милан велат дека сум ‘недопирлив’. Шпекулациите за Реал ме прават среќен, но останувам цврсто на земја и среќен сум што работам со искусни фубалери во Милан“, вели Леао.
Леао пристигна во Милан од Спортинг Лисабон во 2018 година како тинејџер, и му беше потребно време да го покаже најдоброто, што го направи оваа сезона.