Поранешниот дефанзивец на Челси, Французинот Франк Лебеф вели дека Кепа Аризабалага се „чуди“ дали воопшто е голман и препорача шпанскиот голман да оди на психијатар по грешката која кобно го чинеше Челси на дербито со Ливерпул (0:2).
Најскапиот голман на светот повторно е под лупа по нестабилната форма, исто како минатата сезона, кога менаџерот Френк Лампард го замени со Вили Кабалјеро на одредени мечеви. Тој повторно беше прв избор против Ливерпул кога му го „подари“ вториот гол на Садио Мане, и шпекулациите велат дека неговите денови се „одбројани“ откако Челси се заинтересирани за Едуар Менди од Рен за кого ќе платат 22 милиони фунти.
„Не може да игра, неговата глава е на друга планета. Не го чувствува фудбалот, не го живее фудбалот, тој се чуди дали уште е голман. Навистина не треба да игра, туку треба да оди на психијатар. Ме потсетува на Фернандо Торес во Челси. Но, кога си напаѓач и ќе утнеш, ќе ти дадат нова шанса. Со голман сите грешки се ужасни“, вели Лебеф за „ЕСПН“.
Lampard telling the lads to play from the back like Arsenal did against Liverpool but forgot he has Kepa ? ? ? #CHELIV Oshiomole/Tinubu/Giroud pic.twitter.com/8M8xcIdoI0
— Chika (@cktwist23) September 20, 2020