Top Sport

Лече го сопре Милан и му направи услуга на Наполи

Лече и Милан ремизираа 2:2 на „Виа дел Маре“, а на овој резултат веројатно најмногу се израдува лидерот Наполи. Сега „наполитанците“ имаат девет бода предност во однос на „росонерите“ и десет во однос на Јувентус.

Милан беше на прагот на пораз по првото полувреме, со оглед дека домаќинот водеше со 2:0.

Тео Ернандез си постигна автогол во третата минута, а Федерико Баскирото во 23.минута постигна и втор гол за Лече.

Тимот на Стефано Пиоли сепак делумно одговори во второто полувреме. Рафаел Леао намали во 58.минута, а израмнување донесе Давиде Калабрија во 71.минута од мечот.

Scroll to Top