Top Sport

Французите како на тренинг со Саудиска Арабија, но Иранците ја намачија Црна Гора

Франција оствари очекувано убедлива победа против Саудиска Арабија (41:23) и веќе обезбеди пласман во следната фаза на Мундијалот. Избраниците на Гијом Жил немаа проблеми, а првиот дел го добија со 23:14.

Затоа ракометарите на Црна Гора имаа многу поголеми проблеми со селекцијата на Иран, која ја предводи Веселин Вујович, а победија со 34:31.

Селекцијата на Бразил беше убедлива против Уругвај со резултат 35:24. Бразилците веќе со една нога се во втората фаза. Португалија ја победи Јужна Кореја со 32:24.

Scroll to Top