Top Sport

Анри избра петмина најдобри, изненади со едно име

Легендарниот француски напаѓач Тиери Анри како гостин во емисијата што ја води поранешниот играч на Ливерпул Џејми Карагер. Анри одговарал на разни прашања, а на крајот добил задача да избере пет најдобри фудбалери на сите времиња.

„Би избрал легенди бидејќи е тешко да направам тим од играчи кои играа додека траеше мојата кариера“, рекол Анри и потоа набројал.

„Диего Марадона, Пеле, Јохан Кројф, Франц Бекенбауер и Михаел Лаудруп“, рекол Анри и образложил дека Лаудруп е најпотценетиот играч на сите времиња и дека според него тој е една од најдобрите „десетки“ на сите времиња.

„Михале Лаудруп имал сјајна, величествена кариера. Како еден од пионерите во средината на 80 години дошол во Серија А која наредните години ќе стане најсилното првенство во светот. Играч во Лацио, Јувентус, а еден е од ретките што играч во Реал и Барселона. Иниеста и Хавиер Клементе сметаат дека е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Ромарио, Христо Стоичков и Раул тврдат дека Михаел е најдобриот фудбалер со кого играле, а бројни стручњаци го споредуваат со Пеле, Марадона и Кројф. Секаде каде што играл бил чудесен и заслужено се смета за најдобриот играч на Скандинавија на сите времиња“.

Scroll to Top