Top Sport

Легендарни имиња ќе ги одредат групите за СП

Утре ќе бидат извлечени групите за Светското првенство во Катар. Мундијалот ќе се игра од 21.ноември до 18.декември.

ФИФА, ден пред ждрепката, објави кој ќе ги извлекува топчињата.

Највозрасен меѓу нив е Бора Милутиновиќ, легендарен тренер кој со пет различни селекции учествувал на мундијалите.

Во извлекувањето ќе учествуваат и германската легенда Лотар Матеус, еден од најдобрите десни бекови на сите времиња, Бразилецот Кафу, Нигериецот Џеј Џеј Окоча, поранешниот англиски репрезентативец Џермејн Џенас, предводникот на најдобрата генерација во историјата на австралискиот фудбал, Тим Кејхил и алжирската легенда Рабах Маѓер.

Дел од извлекувањето на групите ќе бидат и две дами, една поранешна и една актуелна репрезентативка на САД. Карли Лојд, по 316 одиграни натпревари се повлече од репрезентацијата на САД, додека Саманта Џонсон е една од најдобрите фудбалерки на оваа селекција.

Scroll to Top