Легендарниот уругавајски фудбалер, Себастијан „Ел Локо“ Абреу, реши да стави крај на кариерата. На 44-годишна возраст, последниот меч ќе го одигра во дресот на Суд Америка против Ливерпул.
„Дојде и тој ден. Време е да се спушти завесата“, рекол Ел Локо и дополнил.
„Сега е вистинскиот момент за крај на кариерата. Ги исполнив своите сништа, повеќе немам што да понудам“.
Прекарот „Ел Локо“ (Лудак), го добил поради жестокиот темперамент. Познат е и по тоа што во кариерата сменил 31 клуб, играл во 12 држави. Во кариерата одиграл преку 850 натпревари.
Абреу, во кариерата два пати бил шампион на Аргентина, четири пати шампион на Уругвај.
Со репрезентацијата на Уругвај бил шампион на Јужна Америка во 2011 година, за националниот тим одиграл 70 натпревари, постигнал 26 голови.