Top Sport

Легендарниот голгетер стана тренер на Реџина

Легендарниот италијански фудбалер, Филипо Пипо Инзаги, кој откако ја заврши кариерата започна да работи како тренер, има нов клуб.

Минатата сезона ја водеше Бреша и не успеа да ја врати во Серија А, а наредната сезона истото ќе го проба со Реџина, клуб од јужниот дел на Италија.

Тој веќе успеа да го донесе Беневенто во Серија А, во Реџина се надеваат дека ќе го повторат тој успех.

Во својата кариера Инзаги бил тренер во Уднезе, Милан и Венеција.

Scroll to Top