Top Sport

Ембид доби француско државјанство

Еден од најдобрите кошаркари во светот, центарот на Филаделфија, Џоел Ембид (28) официјално доби француско државјанство и ќе може да ја претставува таа земја на Светското првенство во 2023 година и Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Ембид, кој е роден во главниот град на Камерун, Јаунде, доби француско државјанство бидејќи неговите родители претходно станале француски државјани.

Минатата сезона Ембид беше меѓу тројцата финалисти за најкорисен играч во НБА со просек од 30,6 поени, 11,7 скока и 4,2 асистенции. Тој уште во 2016 година контактирал со францускиот кошаркарски сојуз со намера да настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Сепак, тогаш идејата наиде на отпор кај другите репрезентативци. Франција го освои среброто на минатогодишните Олимписки игри во Токио, губејќи го финалето од Соединетите Американски Држави.

Ембид беше трет пик на драфтот во 2014 година, но ги пропушти првите две сезони поради операција на десната нога.

На 328 натпревари во НБА, тој има просек од 26 поени со 11,4 скока, 3,3 асистенции и 1,7 блокади по натпревар.

Scroll to Top