Top Sport

Легендата на Бетис го продолжи договорот

Најмалку уште една сезона, највозрасен играч во петте најсилни европски првенства ќе биде Шпанецот Хоакин Санчез. Легендата на Бетис на 21.јули ќе наполни 41 година. Она што беше најавено пред два дена попладнево доби потврда, Хоакин го продолжи договорот со Бетис до јуни 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Бетис, на промоцијата се пошегува со ветеранот.

„Младиот Хоакин го обнови договорот со Бетис до 2023 година. Уште една година за легендата“, напишаа од клубот.

Хоакин е жива легенда на Бетис, клубот во кој ја започна својата кариера, пред да се пресели во Валенсија во 2006 година. Играше и во Малага и Фиорентина, а во 2015 година се врати дома на стадионот „Бенито Виламарин“.

За Бетис одигра вкупно 451 официјален натпревар, што е клупски рекорд. Минатата сезона тој го подигна трофејот во Купот на кралот, што го направи со Бетис пред 17 години. Тој минатата сезона играше 37 пати за клубот од Севиља и постигна два гола.

Оваа вест стигна само неколку часа по објавата дека и Златан Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со Милан. Сепак, Ибрахимовиќ нема да стане најстариот играч во најсилните европски лиги бидејќи е три месеци помлад од Хоакин.

 

Scroll to Top