Top Sport

Легендата на Челси, Хадсон бара Англичаните да „избришат“ дека играл за нив

Легендата на Челси, Алан Хадсон, побарал од англиската Фудбалска асоцијација (ФА) да ги избришат неговите резултати и настапи за репрезентацијата, тврди „Дејли мејл“.

Хадсон смета дека ФА не му дала доволно поддршка по тешките повреди кои ги доби во 1997 година кога беше удрен од автомобил.

„Не сакам да останам во статистиката на ФА која ќе ме потсетува на депресивниот и деморализирачкиот начин на кој имав само два настапи за Англија“, вели Хадсон.

Дон Риви му даде два настапи за Англија по тригодишната суспензија која ја доби од претходниот селектор Сер Алф Ремзи, откако не одговори на повик на У-23 репрезентацијата. Тој ја спореди својата кариера со таа на Џек Грилиш на ЕУРО 2020.

„Размислував за ова подолго време. Кога видов како Грилиш беше омаловажен со малку минути на ЕУРО 2020, а можеше да биде фудбалерот кој ќе ја донесе титулата, ме натера да се активирам. Тоа е една од причините поради кои не освоивме ништо од 1966 година“, вели Хадсон.

Scroll to Top