Англиската фудбалска легенда, Реј Вилкинс се бори за својот живот во болница откако падна и имаше срцев удар во неговиот дом во Сареј.
61-годишниот поранешен играч од средниот ред на Челси и Манчестер јунајтед, добил срцев напад и лекарите решија да го постават во медицински индуцирана кома. Неговата сопруга Џеки вели дека прогнозата не е добра.
„Тој е во болница, во одделот за интензивна нега. Неговата состојба не е добра и сите сме многу загрижени. Многу е лошо“, изјави Џеки Вилкинс за „Дејли мирор“.
Вилкинс, познат по прекарот „Буч“, во средината на 1970-тите беше постојан член на англиската репрезентација, со 84 настапи и 3 гола. Тој ја започна кариерата во Челси во 1973 година, каде што стана капитен на само 18 години, пред шест години подоцна да се приклучи на Манчестер јунајтед.
Потоа тој замина во Милан и Пари Сен-Жермен, пред да стане играч и менаџер на Квинс парк ренџерс. Неговата последна работа беше помошник-менаџер во Астон Вила во 2015 кога работеше со Тим Шервуд.