Легендарниот фудбалер и тренер на Ливерпул, Сер Кени Далглиш е позитивен на корона вирусот, иако ги нема симптомите на болеста, објави неговиот поранешен клуб во име на семејството Далглиш.
Далглиш бил примен во болница во средата на 8 април за третман на инфекција за која морал да добие антибиотици, по што иако немал симптоми, бил тестиран на КОВИД-19 и тестот бил позитивен. Пред заминувањето во болница, Далглиш бил во самоизолација со неговото семејство.
69-годишниот Шкотланѓанец Далглиш имаше 355 натпревари за Ливерпул во кои постигна 118 гола, период во кој освои шест англиски титули и три европски круни, пред во 1985 година да стане и менаџер и фудбалер на тимот. Со него, Ливерпул ја освои последната шампионска титула во 1990 година.
The Dalglish family have released the following statement to supporters regarding Sir Kenny Dalglish. https://t.co/aNT5fXakFx
— Liverpool FC (at ?) (@LFC) April 10, 2020