Top Sport

„Легендата“ Таиби: Не сум најлошиот голман во историјата на Премиер лигата

Поранешниот краткотраен голман на Манчестер јунајтед, Масимо Таиби вели дека не е фер да ја носи етикетата „најлош голман во историјата на Премиер лигата“.

Италијанецот пристигна од Венеција за 4.5 милиони фунти во 1999 година откако Петер Шмајхел замина во Спортинг Лисабон, но одигра само четири натпревараи за „ѓаволите“. Во дебито против Ливерпул беше прогласен за најдобар фудбалер на мечот, но направи огромна грешка при 3:3 ремито со Саутемптон на „Олд Трафорд“, кога прими еден од најлошите голови во историјата на ПЛ од Мет Ле Тисие.

Следната недела, тој прими пет гола од Челси, и сега 21 година подоцна, Таиби се потсети на кобната грешка.

„За мене тоа бешес страшна грешка, но не нешто што треба да одбележи цел живот. Такви работи се случуваат на голманите и сум видел многу такви грешки во Италија и Англија. Да, смешно е да ти мине топката меѓу нозете, но се случува. Имав слична таква грешка против Торино. Но, тоа е несреќа, не грешка. Грешка е кога ќе направиш погрешна проценка на ситуацијата. За жал, една недела подоцна загубивме од Челси со 5:0, а бидејќи не смеев да играм во Лигата на шампионите бидејќи бев регистриран со Милан, Фергусон реши да ме одмори малку. Сега сум стар и не е толку важно, но болеше кога ме нарекуваа најлошиот голман во историјата на Премиер лигата. Јас не сум суперѕведа, но одиграв само четири меча, а во два бев порогласен за најдобар фудбалер“, вели Таиби.

Таиби се врати во Италија во јануари 2000 со Реџина и покрај тоа што тврдеше дека Фергусон го „молел“ да остане.

Scroll to Top