Лео Меси го стартуваше својот рекорден 767 натпревар за Барселона вечерва против Уеска, израмнувајќи го рекордот на Чави Ернандез, и неговите сегашни и поранешни соиграчи до дресот на Каталонците го оценија како незаборавен, единствен и уникатен фудбалер.
Чави помина 17 години во Барса пред да замине во 2015 и сега работи како тренер на Ал-Сад во Катар. Меси пак, од 2004 година е незаменлив во дресот на каталонската гордост.
„Тоа можеше да биде само Лео. Најфер е најдобриот фудбалер во историјата да биде тој што го бранел дресот на Барса најмногу“, изјави Чави.
☝️ #Messi767 ☝️
? The world of football in awe of #Messi pic.twitter.com/OAfb3Np8LY— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 15, 2021