Top Sport

Легендите на Ајакс за Тадиќ: Тој не подигна на повисоко ниво

Српскиот фудбалски репрезентативец, Душан Тадиќ го продолжу актуелниот договор со Ајакс за уште една година, па на „Амстердам арена“ ќе остане до крајот на јуни 2024 година. Тадиќ е капитен на екипата во која дојде во 2018 година, откако претходно играше за Саутемптон.

Досега на 149 меча за холандскиот клуб постигна 76 гола во сите натпреварувања.

„Не е тајна дека Душан игра многу важна улога во нашиот тим – како на теренот, така и надвор од него. Фантастична работа е што ќе остане уште долго во Ајакс. Тој е исклучително физички подготвен и ќе биде од голема важност за клубот во наредните години“ изјави директорот за фудбал во Ајакс, Марк Овермарс.

Задоволен од Србинот е и директорот, Едвин ван дер Сар.

„Доаѓањето на Душан беше нашиот прв чекор во враќањето кон европскиот врв. Комбинираме искусни играчи со млади таленти. Неговата работна етика, квалитет и глад за трофеи го подигна нивото на клубот. Одвај чекам да започне сезоната“ рече Ван дер Сар.

Ајакс минатата сезона ја освои дуплата круна.

Scroll to Top