Top Sport

Легија со девет играчи не успеа да направи подвиг во Трнава (видео)

Полскиот шампион Легија Варшава не успеа да се пласира во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, откако реваншот против Спартак Трнава го доби со 1:0 во меч кој го заврши со девет играчи.

Трнава направи вистинска сензација откако пред една недела во полската престолнина стигна до 2:0 победа, но сите верни навивачи на Легија веруваа дека предноста е достижна на гостувањето во Словачка.

Мечот не започна најдобро за Полјаците, откако црногорскиот играч за врска, Марко Вешовиќ доби два жолти картони за помалку од 15 минути и во 37. минута  го напушти мечот. Сепак, надежта за подвиг се подгреа кога Ињаки Астиз постигна гол по одличното додавање на Кухарчик во 63. минута од мечот.

Легија остана со девет играчи на теренот во 85. минута, кога Хрватот Домагој Антолиќ исто така експресно доби два жолти картони за само четири минути.

Спартак Трнава сега ги чека најверојатно дуел со Црвена звезда, откако српскиот шампион го очекува реваншот против Судува со 3:0 предност од првиот меч.


Scroll to Top