Top Sport

Лекарските прегледи го делат Елмас од потпис на договорот со Наполи

Елиф Елмас пристигна во Рим, претпладнево слетал на аеродромот Фумикано во Рим и веднаш се упатил кон Вил Стјурт каде треба да му бидат извршени лекарските прегледи пред да го потпише договорот со Наполи.

Македонскиот репрезентативец со Наполи ќе потпише пет годишен договор. Во името на Наполи, својот потпис на договорот ќе го стави првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис.

Трансферот на Елмас од Фенербахче во Наполи е „тежок“ 16 милиони евра, плус 1,5 евра во бонуси. Ова е најголем трансфер во историјата на македонскиот фудбал и најголем излезен трансфер во историјата на Фенербахче.

Елмас во 2017 година, на 17 годишна возраст од Работнички се пресели во Фенербахче за сума од 180.000 евра. Од неговиот трансфер во Наполи одредена сума ќе добијат и „романтичарите“.

Scroll to Top