Каи Хаверц синоќа по дуелот на Германија и Шпанија (1:1) во Лигата на нации добил дозвола да го напушти тренинг кампот на гермнската репрезентација. Хаверц е на пат кон Лондон каде треба да ги мине медицинските прегледи, а потоа и да го потпише пет годишниот договор со Челси.
Челси и Баер Леверкузен пред два дена го договориле трансферот на Каи Хаверц. 20 годишникот ќе стане најскапиот германски фудбалер и во едно најскап играч во историјата на Челси.
Трансферот на Хаверц ќе изнесува 100 милиони евра. Според „Скај Спорт Германија“, Челси ќе платат 80.000.000 во кеш, а останатите 20.000.000 евра во касата на Леверкузен ќе се слеат низ разни бонуси.
Со Хаверц Челси ќе ја заокружат одлчно завршената работа во предониот рок, откако претходно во клубот пристигнаа Хаким Зијеш (Ајакс), Тимо Вернер (Лајпциг) и Бен Чилвел (Лестер). За оваа четворка, Тијаго Силва пристигна во клубот како слободен играч, Челси потрошија 223.000.000 евра.
ℹ️ Kai Havertz has left the Stuttgart headquarters of the German national team to clarify matters surrounding a potential move to Chelsea. This took place after a discussion with Bayer 04 and DFB leadership. pic.twitter.com/pjeAX7Aoe8
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) September 4, 2020