Top Sport

Валјадолид однесоа бод од „Сантијго Бернабеу“ (Видео)

Фудбалерите на Валјадолид освоија еден бод на „Сантијаго Бернабеу“ откако ремизираа 1-1 со фаворизираниот Реал Мадрид.

Играчите на клубот чии сопственик е Бразилецот Роналдо без респект им се спротивставија на своите ривали, имаа јасен план во играта, добро се бранеа, беа исклучително опасни кога ќе тргнеа кон голот на Куртоа.

Од друга страна Реал повторно ги покажа сите слабости во последната линија. Зидан експериментираше со составот (во првиот состав беа Иско и Хамес Родригез), но тоа не му донесе резултат.

Првиот гол на мечот го постигна Карим Бензема во 82 минута. Идивидуалниот квалитет беше пресуден францускиот ас да го совлада Масип.

Шест минути подоцна Валјадолид изведе брз напад, Гвардиола излезе сам голот на Реал и низ нозете на Куртоа ја испрати топката во мрежата.

Двата тима по воведните две кола имаат по четири бода.

Scroll to Top