Top Sport

Лекип: ПСЖ ја активирале клаузулата на Дембеле

ПСЖ ја активирале откупната клаузула од 50.000.000 евра, која стои во договорот на Усман Дембеле, пишува еден од водечките спортски медиуми во светот „Лекип“.

Во понеделникот, „Ле Парисиен“, објави дека од „Кам Ноу“ на францускиот клуб му дале рок од пет дена да ја заврши работата, бидејќи се веруваше дека нема да можат да ја завршат работата во преостанатите неколку часа, бидејќи клаузулата беше активна до полноќ пред 1.август.

Сепак, се уште има спротивставени тврдења дека двете страни ќе преговараат и за евентуално одложено плаќање, во тој случај оштеттат што ќе ја плати ПСЖ ќе биде повисока.

Во последните денови новинарите и во Шпанија и во Франција објавија дека крилниот напаѓач решил да им се приклучи на „светците“, а Каталонците се согласиле да го пуштат.

Вчера, во текот на денот, различни извори пишуваа дека Дембеле постигнал договор со раководството на ПСЖ за личните услови и дека сега е само прашање на време кога ќе се пресели во „Паркот на принцовите“.

Scroll to Top