Top Sport

Симеоне посакува Мбапе да дојде во Реал: Ја освојувавме лигата против Меси и Роналдо

Килијан Мбапе се уште е во ПСЖ. Нејасно е дали во новата сезона ќе го носи дресот на ПСЖ или на некој друг клуб. Челниците на „светците“ се бесни бидејќи тој одбива да го продолжи договорот. Единствено решение во оваа ситуација е ПСЖ да го продаде напаѓачот една година пред истекот на неговиот договор.

Јавна тајна е дека Мбапе сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид. Неговиот евентуален трансфер во Реал, ќе го крене интересот за шпанската Ла Лига.

Можноот трансфер го поддржа и тренерот на градскиот ривал на Реал, Атлетико, Диего Чоло Симеоне.

„Тој трансфер би бил одличен за лигата. Сите фудбалери кои доаѓаат во Шпанија ја дополнително ја зајакнуваат лигата. Финансиски, тој трансфер не би бил проблем за Реал. Доколку не се случи ова година, сигурен сум дека следната година ќе се бориме против него“, изјави Симеоне, а на прашањето дали Реал ќе стане непобедлив со Мбапе, тој одговори:

„Зависи како гледате. Ја освоивме лигата против Лионел Меси, Андрес Иниеста, Алексис Санчез, Чави, Серхио Бускетс… Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Карим Бензема… Тоа е фудбал, не играат имиња“.

Scroll to Top