Top Sport

Ленс продолжува да го „брка“ ПСЖ

Ленс го продолжува максималниот ефект на домашен терен оваа сезона во првенството на Франција. Со минималниот триумф над Оксер (1:0) овој тим останува и во трката за шампионската титула со оглед дека се доближи на три бода негатива до лидерот ПСЖ.

Пжемислав Франковски од пенал беше стрелец на единствениот гол за Ленс во 59.минута од мечот.

Оксер од 65.минута играше и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Сулејман Туре.

Scroll to Top