„Сони мјузик ентертејнмент“ објавија партнерство со Лионел Меси за производство на анимирана серија инспирирана од животот на аргентинската фудбалска суперѕвезда.
Тие ќе развиваат серија цртани филмови достапни на англиски и шпански јазик, насочени кон помладата публика, во која Меси ќе биде претставен како дете кое ги надминува различните предизвици во стил на видео-игра.
„Од моето детство, обожавам аниминирани серии и моите деца сега постојано ги гледаат. Да се биде дел од ваков анимациски проект ми носи голема среќа бидејќи остварува дел од моите соништа од детството. Се надевам дека на момчињата и девојчињата ќе им се допадне резултатот“, вели Меси.