Спортскиот директор на ПСЖ Леонардо застана во одбрана на Килијан Мбапе кој се најде на ударот на јавноста поради начинот на кој се однесуваше кон тренерот Томас Тухел кога тој го извади од игра на мечот со Монпелје.
„не ми се допаѓа тоа што се случи. Кога играч ќе го напушти теренот и потоа ќе дискустира на таков начин со тренерот…Тоа не е во ред. Ќе разговараме, ќе ја решиме таа ситуација“, рекол Леонардо и дополнил.
„Не прифаќам дека тој е разгалено детиште. Тој е одлична личност, фантастичен играч. Од четворицата најдобри напаѓачи во светот еден има 35 години (Роналдо), вториот 32 (Меси), третиот 28 (Нејмар) и четвртиот 21 (Мбапе). Последните двајца играат во нашиот тим, треба да сме среќни поради тоа. Јас сум среќен спортски директор. Треба да ја видиме нашата предност во ова. Во фудбалот е важна забавата. Треба да престанеме да зборуваме за проблемите“, заклучил Леонардо.
Веднаш по инцидентот со тренерот Тухел, поранешниот светски првак со Франција Кристоф Дугари го нарече Мбапе „разгалено детиште“.