Top Sport

Нова повреда за Даглас Коста

Она што е Усман Дембеле за Барселона тоа е Даглас Коста за Јувентус. Бразилецот повторно е повреден и најмалку две недели ќе биде на рехабилитација.

Даглас Коста во Јувентус пристигна во 2017 година од Баерн Минхен и оттогаш има прошуштено 40 натпревари поради разни повреди.

Бразилецот се повредил во саботата на натпреварот со Верона. Поради повредата тој предвреме го напушти теренот.

Лекарскиот тим на Јувантус објави дека поради повредата на бутниот мускул Даглас Коста ќе паузира две до три недели.

Тоа значи дека тој нема да игра против Милан за два дена во Купот на Италија, а во првенството ќе ги прошушти дуелите со Бреша и СПАЛ. Неизвесен ќе биде за првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите против Лион.

Scroll to Top